
Надежниот шпански фудбалер Гонзало Гарсија, кој летово оствари импресивно настап на Светското клупско првенство, го продолжи својот договор со Реал Мадрид до јуни 2030 година, извести мадридскиот клуб.
Гарсија, кој започна својата кариера во Реал уште од 2014 година на само десет години, е производ на младинската школа на “кралевите”.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Неговиот претходен договор важеше до јуни 2027 година, а дебитираше за првиот тим во ноември 2023, играјќи неколку натпревари како стартер или замена.
На летото Светско клупско првенство тој го замени Килијан Мбапе пред полуфиналето, кое Реал го загуби од Пари Сен Жермен со 0:4, но го заврши турнирот како најдобар стрелец со четири гола и беше вклучен во идеалниот тим на турнирот според ФИФА.
Минатата сезона беше еден од истакнатите играчи на резервниот тим на Реал, постигнувајќи 25 голови.
„Гонзало отсега ќе биде дел од првиот тим на Реал Мадрид“, се вели во изјавата на клубот.