
Вечерта пред полуфиналето на Лигата на нациите помеѓу Португалија и Германија во Минхен, капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандес, потврди дека одбил профитабилна понуда за трансфер во Саудиска Арабија бидејќи сака да „остане на врвно ниво“. Триесетгодишниот играч од средниот ред размислуваше за преселба во саудискиот клуб Ал Хилал. Сепак, Фернандес истакна дека одлучил да ја одбие таа понуда по разговорите со тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, и своето семејство.
„Претседателот на Ал Хилал ме повика пред еден месец за да праша дали има можност за моe доаѓање“, изјави Фернандес на прес конференција во Португалија во вторник. „Ми требаше време да размислам за иднината. Како што секогаш сум кажувал, би бил спремен на тој чекор ако Јунајтед би сметал дека е најдобро да заминам.“
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Разговарав со Рубен Аморим, кој навистина се обиде да ме одврати од таа идеја. Разговарав и со раководството на клубот, кои ми рекоа дека не сакаат да ме продадат освен ако тоа не го посакам јас“, изјави капитенот на Јунајтед, кој одби потенцијален приход од дури 230 милиони евра.
Сака да остане на врвот на светскиот фудбал
„Од моја страна тоа беше многу привлечна понуда, претседателот беше одлична личност. Никогаш не разговаравме за пари, тоа беше дојдено подоцна преку мојот агент. Би било лесен потег, дури и од семеен аспект. Таму се Рубен Невес, Жоао Кансело. Моите деца се дружат со нивните. Но, едноставно сакам да останам на врвно ниво, да играм во големи натпреварувања бидејќи сè уште чувствувам дека сум способен за тоа.“
„Одлуката ја донесовме како семејство и разбираме што сакам за мојата иднина. Тоа беше прашање кое ми го постави сопругата – кои се моите професионални цели. Никогаш не рече ни „да“ ни „не“, секогаш ми даваше поддршка и ги постави моите професионални интереси на прво место“, додаде Фернандес.
„Сакам да продолжам да бидам среќен и да го работам тоа што најмногу го сакам. Оваа страст кон фудбалот сè уште гори во мене. Така гледам на фудбалот и задоволен сум од мојата одлука.“ Како што објави Фабрицио Романо, договорот кој му го понудија Саудијците вредеше 200 милиони долари.