
Португалецот Жоао Кансело повторно се враќа во Барселона! Веста која првично изгледаше како далечна шпекулација кон крајот на декември, сега е скоро официјална – Деко, спортскиот директор на каталонскиот клуб, јасно стави до знаење дека Португалецот ќе биде првото зимско пополнување на “Блауграна”.
“Се надеваме дека наскоро сè ќе биде завршено. Сѐ уште не го поминал лекарскиот преглед, но наскоро ќе патува за Барселона. Работиме на склучување на договорот”, изјави Деко по натпреварот од шпанскиот Суперкуп против Атлетик Билбао.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Голема улога во овој трансфер одигра желбата на Кансело повторно да игра за клубот што го смета за свој. Иако имаше финансиски поповолна понуда од Интер, Португалецот не се двоумеше – сакаше да се врати на Камп Ноу, каде веќе настапуваше за време на сезоната 2023/2024.
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, пред натпреварот против Билбао изјави дека трансферот “уште не е финализиран”, но би бил многу задоволен ако се реализира. По натпреварот, од врвот на клубот дополнително потврдија се што е потребно.