Дома Фудбал Од судија на ЕП и Премиер лига до доставувач на пратки

Од судија на ЕП и Премиер лига до доставувач на пратки

Дејвид Кут за време на својата судиска кариера судеше на Европското првенство и во Премиер лигата, а сега доставува пакети на врата. Еден пар бил изненаден кога им било доставено пратка од лице кое порано било познато по своите настапи на големи меѓународни натпреварувања.

Овој 42-годишен поранешен судија моментално е под 16-месечна суспензија, откако јавноста дозна за неговото скандалозно поведение.

Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


Видео снимка на која се гледа како навредува поранешниот тренер на Ливерпул Јирген Клоп, како и снимката на која е фатен како употребува кокаин ден по натпреварот на Европското првенство, доведоа до неговото исклучување од професионалниот фудбал.

Сакам да продолжам понатаму. Се обидувам повторно да го изградим својот живот, да најдам нова смисла и одговорност. Оваа работа ме држи окупиран и зафатеноста ми помага да се справам со ситуацијата, но не е план за иднината“, рече Кут неодамна во интервју за британските медиуми.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тер Штеген е „персона нон грата“: Флик откри што му подготвува тимот

Марк-Андре тер Штеген поради своето однесување стана “персона нон грата” во Ба…