Дома Фудбал Од Реал обвинија дека првенството е „валкана игра“ на Негреира, сојузот им одговори!

Од Реал обвинија дека првенството е „валкана игра“ на Негреира, сојузот им одговори!

Шпанскиот фудбалски сојуз одговори на обвинувањата и прозивките од Реал Мадрид во врска со, како што велат од клубот на шпанските и европски шампиони, неправедно судење на нивна штета. Да потсетиме, ситуацијата во нарушените односи меѓу Реал и Сојузот ескалираше со натпреварот против Еспањол.

Тимот од Барселона во 22. коло од шпанската Ла Лига славеше со 1:0, а единствениот гол го постигна Карлос Ромеро во 85. минута од натпреварот. Ситуацијата што предизвика најголема полемика се случи во 60. минута, кога токму стрелецот на победничкиот гол Ромеро направи прекршок над Килијан Мбапе, за што доби жолт картон, а од Реал бараа директно црвен картон.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Реал Мадрид по натпреварот беше бесен на одлуките на судиите, па во понеделникот официјално се жалеа на судиските грешки до шпанскиот фудбалски сојуз. Во писмото наведоа дека настаните од натпреварот против Еспањол “ја преминуваат секоја граница на човечка грешка или судиска интерпретација” и дека “оваквата манипулација веќе не може да се игнорира”.

Освен официјалното писмо на Реал, по натпреварот се огласи и клупската телевизија од каде испратиле повик во врска со споменатиот прекршок: “Ова е агресија која може да предизвика повреда на играч. Ова беше жалосно. Ова е она со што Реал мора да се справува во оваа валкана лига на Негреира.. Да беше ситуацијата спротивна, доволно би било да ги погледнете сите наслови и медиуми.”

Алудирањето на Реал Мадрид со „играта на Негеира“ се однесува на обвинувањата дека Барселона од 2001 до 2018 на Хозе Марија Енрике Негрејра, поранешен потпретседател на шпанската судиска комисија, и на неговата компанија исплатила вкупно 8,4 милиони евра.

Негреира наводно за возврат делегирал судии кои и одговараат на Барселона и гарантирал дека тие ќе им судат за неа. Барселона призна обемот на платениот износ на сметка на Негрејриниот компанија, но тврдеше дека од него барала само видеокомпилации од настапите на судиите. Дури 18 од 20-те клубови на Ла Лига во заедничко соопштение изразија загриженост поради откривањето на нечеститите дејства во Барселона.

Сега шпанскиот фудбалски сојуз се очитуваше со соопштение во кое наведува дека “длабоко жали поради тонот и сериозноста на обвинувањата кои го доведуваат во прашање интегритетот на судиско тело и само функционирањето на натпреварувањето”.

Од Сојузот додадоа дека разбираат дека во развојот на професионалниот фудбал може да се случат несогласувања во врска со некои одлуки, но и дека веруваат оти сите вклучени работат одговорно почитувајќи ги правилата.

“Судењето подлежи на прегледи и анализи, но тоа не треба да води до обвинувања со кои се сомнева во интегритетот, што не само што влијае на судиите, туку и го нагризува кредибилитетот на самиот фудбал”, рекоа од Сојузот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Феликс го „запали“ Сан Сиро на дебито🎥

Милан вечерва игра протов Рома во четвртфиналето од Купот, а на „Сан Сиро“ дебитираа новит…