
Интер има намера да го задржи плејмејкерот Хакан Чалханоглу и е подготвен повторно да го спречи интересот од турскиот Галатасарај во следниот трансфер период, како што беше и минатото лето, тврди весникот Gazzetta dello Sport.
32-годишниот Чалханоглу има малку повеќе од една година од актуелниот договор со Интер, кој истекува во летото на 2027. Турскиот репрезентативец ги помина последните девет сезони играјќи во Милано, последните пет за „неразурите“. Тој неколку пати беше поврзуван со трансфер во Галатасарај, чии понуди сепак беа одбиени во последните трансфер периоди.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Управата на Интер смета дека Чалханоглу е сигурен лидер во средната линија на тимот и може да помогне во одржувањето на висок стандард и континуитет, ако составот се подложи на големо освежување во летото. Дали Хакан Чалханоглу ќе потпише нов договор со гигантот од Милано или ќе реши да замине по истекот на актуелниот договор сé уште не е јасно, но во моментов индикациите укажуваат дека Интер не сака да го загуби во претстојниот летен трансфер период.