Дома Фудбал Од љубовна бајка до скандалозен пресврт: Причина за разводот на ѕвездата на Барселона е – неверство! (Фото)

Од љубовна бајка до скандалозен пресврт: Причина за разводот на ѕвездата на Барселона е – неверство! (Фото)

Голманот на Барселона Марк-Андре тер Штеген неодамна преку соопштение на Инстаграм објави дека се разведува од сопругата Данијела.

Голманот и капитен на Барселона, Марк-Андре тер Штеген се разведува по осум години брак. Познатиот спортист во соопштение на својот Инстаграм профил откри дека му требало малку повеќе време за да одлучи што е најдобро за иднината.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Веста за нивниот развод дојде делумно неочекувано, со оглед на тоа дека ништо не укажуваше дека меѓу нив има проблеми.

Иако Данијела тер Штеген беше во сенка на славниот сопруг, многумина ја познаваа и по привлечниот изглед. Сега се појави и продолжение на приказната која ја изненади јавноста.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, голманот го побарал разводот откако дознал дека сопругата му е неверна.

Се појавија и написи дека го изневерила со личниот тренер, а по тие сознанија, тој наводно се иселил од заедничкиот стан, па моментално живее во хотел.

Во бракот добија две деца, а голманот моментално нема среќа ни на теренот, со оглед на тоа дека сè уште се опоравува од повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус плаќа 41 милион евра на тројца тренери

Колку е далеку Јувентус од некогашниот сјај, најдобро покажуваат деловните потези при селе…