Дома Фудбал Очевидец ги оспорува тврдењата на шпанската полиција за трагичниот инцидент со Жота

Очевидец ги оспорува тврдењата на шпанската полиција за трагичниот инцидент со Жота

Констатацијата во прелиминарниот извештај на шпанската полиција, дека главната причина за трагичната смрт на Диого Жота и Андре Силва е брзото возење, комбинирано со испукана гума при претекнување, беше оспорена од сведок.

Португалски возач на камион, кој тврди дека ги снимил првите кадри со запалениот Ламборгини, изјави дека автомобилот на Жота го претекнал „супер спокојно“ и „без да го прекрши ограничувањето на брзината“. Жозе Алајшо Дуарте, како што е името на возачот, изјави дека зел противпожарен апарат и се обидел да помогне, но не успеал да направи ништо за да ги спаси луѓето во запалениот автомобил.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Пред два дена возачот објави видео на социјалните мрежи, поттикнат од обвинувањата дека не застанал да помогне. Денес тој даде интервју за таблоидот Correio da Manha, во кое увери дека бил претекнат од автомобилот на Жота пет минути пред инцидентот и дека се движел со „умерена брзина“. Исто така, ги критикуваше условите на делницата каде што се случила фаталната несреќа, уверувајќи дека патот е во „лоша состојба“.

„Што се однесува до семејството, изразувам искрено сочувство. Мојата совест е чиста, знам што видов. Ме претекнаа супер спокојно, без да ја пречекорат брзината. Дури не знаев кој бил во Ламборгиниот тој ден. Од следниот ден дознав, бидејќи кога стигнав на своето одредиште, го споделив видеото со жена ми и наутро дознав дека во автомобилот биле браќата. Мојот збор ви е дека не возеа брзо. Возеа супер спокојно. Возам по овој пат секој ден, од понеделник до сабота, и знам како е и дека има проблеми. Патот е темен. Ме претекнаа и можев да ја видам марката на автомобилот, неговата боја, сè. Возеа супер спокојно. Го снимав, застанав, се обидов да помогнам, но за жал, не можев да направам ништо. Моја совест е чиста“, раскажува сведокот возач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…