Дома Фудбал Очекувано: Јамал е „Златното момче“ за 2024 година

Очекувано: Јамал е „Златното момче“ за 2024 година

Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал е добитникот на наградата „Златно момче“ за 2024 година која ја доделува италијанскиот „Тутоспорт“.

Жирито составено од 50 елитни новинари му доделило 488 поени на Јамал од вкупно 500 за сите останати кандидати, што  е најголема доминација во едно гласање за „Златно момче“.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Јамал стана европски шампион на 17-годишна возраст, ја добри наградата „Копа“ за најдобар светски фудбалер до 21 година од „Франс Фудбал“, па оваа награда дојде очекувано и заслужено.

„Вистинска гордост е да се добие оваа награда. Ова е остварување на сонот и навистина многу сум среќен. Благодарност до „Тутоспорт“ и до жирито. Не сакам да ги заборавам и моите соиграчи и стручниот штаб во Барселона и шпанската репрезентација. Многу сум задоволен поради оваа награда, но не застануваме тука. Одиме по уште многу трофеи“, порача Јамал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…