Познатиот американски спортски портал Спортико објави листа на 100 најплатени спортисти во светот за 2024 година.
За да го состават рангирањето на оние со најдлабоки џебови, ги собраа заработките кои спортистите ги имаат од нивните спортски и маркетинг ангажмани.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, веќе втора година по ред е на врвот со вкупен приход од 260 милиони долари во изминатата година.
Роналдо заработи 215 милиони преку платата во саудиски Ал Наср, додека 45 милиони инкасираше од рекламни договори.
Втор на листата е кошаркарот на Голден Стејт Стеф Кари со 153,8 милиони долари заработка, а на третото место е британскиот боксер Тајсон Фјури со 147 милиони долари.
Првите пет ги заокружуваат аргентинскиот фудбалер и член на Интер Мајами Лео Меси со 135 милиони долари и кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Леброн Џејмс со 133,2 милиони долари.