
По повод тепачката што се случила во Белград на улицата Црногорска, пред УО „Банк“, на 5 мај годинава, околу 04:30 часот, во која учествувале четворица кошаркари на КК Партизан и за време на која биле повредени три лица, се огласи Првото јавно обвинителство.
Било извршено судско-медицинско вештачење за околностите на тежината и начинот на настанување на повредите на оштетените од кое произлегува дека Ј.К. добил повреди кои заедно се оценети како тешки телесни повреди. Наведеното вештачење ќе биде доставено на адвокатот на обвинетиот и на полномошникот на оштетениот за изнесување евентуални забелешки, по што ќе биде закажано сослушување на осомничениот кошаркар на КК Партизан К.А.Ј., а потоа и испитување на Ј.К. во својство на сведок оштетен. Обвинителството ќе преземе и сите други потребни дејства за утврдување на целосната фактичка состојба врз основа на која ќе биде донесена одлука, а за што јавноста ќе биде информирана – соопштија.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Во тепачката учествувале Карлик Џонс, Стерлинг Браун и Ајзак Бонга, кои претходно се извиниле за своите постапки.
По ноќниот излез, тројца кошаркари на Партизан влегле во жесток судир со едно лице (како што се гледа на снимката), а конфликтот ескалирал и едниот од нив со шише удрил едно момче. Во конфликтот учествувале Карлик, Браун и Бонга #kkp #kkcz #caosvima pic.twitter.com/8HDkMsG9Md
— 🍓 (@guduricotablu) May 5, 2025