Дома Фудбал Обвинителство да се зафати со забавата на Ламин Јамал

Обвинителство да се зафати со забавата на Ламин Јамал

Министерството за социјална политика во Шпанија побара истрага од обвинителството, омбудсманот и Бирото за борба против злосторства од омраза, за да се испита дали на 18-от роденден на фудбалерот Ламин Јамал е прекршен законот за лица со попреченост, кој забранува претстави кои се потсмеваат на или омаловажуваат лица со попреченост.

Како што е познато, играчот на Барселона е критикуван дека за забавата ангажирал луѓе со низок раст со цел забава.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Како што објасни пред EFE генералниот директор за прашања на лица со попреченост Хесус Мартин, министерството побара објаснување дали на прославата на спортистот биле омаловажени лица со низок раст во прекршување на законот, кој не предвидува санкции, но забранува вакви активности во последните три години, пишува „Марка“.

Одговорниот за прашања на лица со попреченост изрази загриженост поради фактот што „млад човек со толку многу следбеници, инфлуенсер за младите, организира вакви забави кои можат да имаат негативен ефект врз младината“.

„Загрижени сме што луѓе со пари, луѓе со моќ, се чувствуваат неказнето“, изјави Хесус Мартин, кој потсети дека тоа е забрането во Шпанија три години и дека министерството „нема да стои со скрстени раце пред овие индикации“, објавени во медиумите. „Законот е за сите, за скромните и за моќните.“ „Нека се започнат потребните истраги и во зависност од заклучоците, да се постапува“, истакна тој.

Асоцијацијата на лица со ахондроплазија и други скелетни дисплазии со низок раст (ADEE), дел од Шпанската конфедерација на лица со физички и органски попречености (Cocemfe), објави дека ќе преземе правни мерки против Ламин Јамал затоа што, според нивната жалба, ангажирал лица со оваа попреченост за неговата забава.

Организацијата го осуди настанот во соопштение, во кое објави „правни и социјални акции“ за „заштита на достоинството на лицата со попреченост“.

Законот предвидува дека се забранети претстави или забавни активности во кои се користат лица со попреченост или тоа состојба, за да се предизвика потсмевање, присмев или подигрување пред публиката на начин што е спротивен на почитувањето на човековото достоинство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…