Дома Фудбал Обложувалниците го објавија фаворитот за освојување на „Златната топка“

Обложувалниците го објавија фаворитот за освојување на „Златната топка“

На 22 септември ќе се одржи големиот спектакл на France Football. На гала вечерта ќе се доделуваат годишни награди, вклучувајќи ја и најважната и најгламурозната индивидуална награда во фудбалот, Златната топка. Кандидатите за 69-та награда на France Football ќе ги дознаеме во август, но букмејкерите веќе го објавија коефициентите и шансите за освојување.

Според букмејкерите, Османе Дембеле е далеку најголем фаворит. Крилниот напаѓач на ПСЖ беше еден од најдобрите играчи на патот до тројната круна. Постигна 33 гола и имаше 15 асистенции за Париз во сите натпреварувања, а импресивната сезона може идеално да ја заокружи во јуни доколку Франција ја освои Лигата на нации.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Букмејкерите на Французинот му даваат околу 70% шанси, додека единствениот достоен противкандидат е Ламин Јамал. Тој додаде 18 гола и 25 асистенции во двојната круна на Барселона, додека ниту еден од другите кандидати нема над 7% шанси за освојување.

Коефициенти за освојување на Златната топка

Османе Дембеле 1.4
Ламин Јамал 3.75
Мохамед Салах 13

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ханзи Флик не брза да потпише нов договор со Барселона

Главниот тренер на Барселона, Ханзи Флик, засега не покажува желба за долгорочна обврска с…