Дома Фудбал Објавени платите во МЛС: Меси нема конкуренција на врвот на листата

Објавени платите во МЛС: Меси нема конкуренција на врвот на листата

Сојузот на играчи од американската МЛС лига (MLSPA) ја објави годишната листа на плати, а трета година по ред на врвот е Леонел Меси, ѕвезда на Интер Маями. Аргентинскиот магионичар Леонел Меси уверливо ја држи првата позиција со годишна загарантирана плата од 20.45 милиони долари, износ во кој не е вклучено неговото неодамнешно продолжување на договорот.

Играчите со највисоки примања во МЛС:

  1. Лионел Меси, Интер Мајами, 20.45 милиони $ (≈ 18.61 милиони €)
  2. Сон Хјунг-Мин, Лос Анџелес ФК, 11.15 милиони $ (≈ 10.16 милиони €)
  3. Серхио Бускетс, Интер Мајами, 8.78 милиони $ (≈ 7.99 милиони €)
  4. Мигел Алмирон, Атланта Јунајтед, 7.87 милиони $ (≈ 7.16 милиони €)
  5. Ирвинг Лозано, Сан Диего ФК, 7.63 милиони $ (≈ 6.94 милиони €)

Кога ќе се разгледуваат вкупните буџети на клубовите за плати, Интер Мајами е класа за себе. Со потрошувачка од 48.97 милиони долари, клубот од Флорида го надминува првиот следбеник за дури 18.87 милиони долари, разлика која самата по себе е поголема од буџетот на дури 15 други клубови во лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер со гол во 90. минута го победи Јувентус, дербиото го обележа контроверзен црвен картон (Видео)

Фудбалерите на Интер и Јувентус одиграа вистински спектакл во дербито од 25. коло на Сериј…