Дома Фудбал Објавата на Слот за Диого Жота го кинe срцето на парчиња: “Што да се каже? Последниот пат кога разговаравме…”

Објавата на Слот за Диого Жота го кинe срцето на парчиња: “Што да се каже? Последниот пат кога разговаравме…”

Како што на сите им е познато, фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота, го изгуби животот во сообраќајна несреќа.

Во врска со сè тоа се огласи и тренерот на Ливерпул, Арне Слот, и тоа со многу емоции.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


“Што да се каже? Што било кој може да каже во ваков момент кога шокот и болката се толку силни? Би сакал да имам некои зборови, но знам дека немам. Сè што имам се чувствата кои знам дека ќе ги споделат многу луѓе за човекот и играчот кој толку многу го сакавме и за семејството за кое многу се грижевме.

Моите први мисли не се од тренер. Тие се мисли на татко, син, брат и му припаѓаат на семејството на Диого и Андре Силва кои доживеале таква голема загуба. Мојата порака до нив е јасна. Никогаш нема да одите сами. Играчите, тренерскиот персонал, навивачите на Ливерпул се со вас и она што го видов денес е целото фудбалско семејство ширум светот со вас.

За нас како клуб, ова е неверојатен шок. Диого не беше само наш играч. Тој беше еден од нас. Беше соиграч, колега и беше многу посебен.

Можев да кажам многу за сè што донесе на нашиот тим, но сите што го гледаа Диого како игра можеа да го видат тоа. Работеше марливо, имаше огромна желба, посветеност, одличен квалитет, постигнуваше голови. Беше тоа што треба да биде играч на Ливерпул.

Постојат и делови од сето тоа што не ги гледа пошироката маса луѓе. Личност која никогаш не сакаше популарност, но сепак ја доби. Не беше пријател само на двајца луѓе, туку на сите. Ги правеше другите луѓе да се чувствуваат добро само затоа што беше со нив. Многу ја сакаше својата фамилија.

Последниот пат кога разговаравме, му честитав на освојувањето на Лигата на нациите и му посакав среќа во врска со неговата венчавка. Во многу извесни патишта, ова лето беше лето од соништата за него и неговото семејство, и сето тоа го прави уште потежок за сите.

Кога дојдов во клубот, првата песна што ја научив беше онаа што навивачите ја пеат за Диого. Не работев претходно со него, но знаев дека ако навивачите на Ливерпул го сакаат толку многу, тогаш мора да има посебни квалитети.

Тоа што ги изгубивме тие квалитети на таков страшен начин е нешто што боли. Оваа сезона мора да бидеме тука еден за друг. Го должиме тоа на Диого, го должиме тоа на Андре Силва и нивното семејство, но и на самите нас.

Моето сочувство до сопругата на Диого, Руте, нивните прекрасни деца, но и на родителите на Диого и Андре Силва. Кога ќе биде вистинско време, ќе го прославиме Диого Жота, ќе се сетиме на неговите голови и ќе ја пееме неговата песна. Ќе го памтиме како посебен човек, но никогаш нема да биде заборавен.

Неговото име е Диого”, е објавата на Слот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …