Дома Фудбал Обамејанг пред сензационално враќање!

Обамејанг пред сензационално враќање!

Пјер-Емерик Обамејанг наскоро ќе стане слободен играч, а потоа може да се врати во – Олимпик Марсеј!

Според последните информации Обамејанг воспоставил контакт со својот поранешен клуб, од кој минатото лето премина во Саудиска Арабија.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Габонецот не е задоволен во Ал Куадисија, поради што побара раскин на договорот и сега изгледа дека ќе го добие.

Тој пристигна во овој клуб за девет милиони евра минатото лето, постигна 17 гола во 32 натпревари, но сега има желба да се врати во Марсеј. 

Обамејанг одигра извонредна сезона 2023/24 на југот од Франција, кога постигна 30 гола и 11 асистенции на 51 натпревар во сите натпреварувања.

Останува да видиме дали во својата 36-та година ќе одигра уште еден последен танц на големата сцена.

Да потсетиме, Габонецот имаше промени на многу клубови, откако како тинејџер беше во академијата на Милан, кои го испратија на позајмици во Дижон, Лил, Монако, Сен Етјен, од каде во 2013 се префрли во Борусија Дортмунд. Таму го достигна врвот и оствари трансфер во Арсенал во зимата 2018 за 63 милиони евра.

Потоа имаше блескава половина сезона во Барселона, потоа слаб период во Челзи, но повторно блесна во Марсеј.

Фото: Marseille fFC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Првото нерешено на Ливерпул сезонава не го стопли “Енфилд”

Ливерпул не успеа да го надгради успехот и релативно добрата игра против Вест Хем пред нек…