Дома Фудбал Објавена аудиоснимка: Пике се расплака на судењето во Шпанија (Видео)

Објавена аудиоснимка: Пике се расплака на судењето во Шпанија (Видео)

Шпанските медиуми објавија аудиоснимка од судењето на славниот фудбалер Жерард Пике, кој е под истрага поради случајот со Суперкупот на Шпанија.

Поранешниот шпански репрезентативец, кој освои се што можеше да се освои во фудбалската кариера, негираше каква било вина и заплака пред судот, истакнувајќи дека не ги разбира своите обвиненија.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Исто така, Пике изјави дека репутацијата по сè, никој не може да му ја врати. Поранешниот фудбалер на Барселона и Манчестер Јунајтед е под истрага поради четири милиони евра годишни провизии што ги добивал преку својата компанија.

Се истражуваат наводни дела на корупција и перење пари, кои резултирале со преместување на Суперкупот на Шпанија во Саудиска Арабија.

Пике помина два часа во судската сала и се обиде да го објасни случајот, иако, како што самиот вели, тој не разбира најдобро. Беше видно емотивен и расплакан.

“Можам ли нешто да кажам? Многу е фрустрирачко, бидејќи се занимаваме со овој случај три години. Мислам дека обезбедивме неоценлива вредност за Фудбалската федерација на Шпанија и најголем договор во историјата на федерацијата. Во друга земја ќе ми направат статуа за ова”, изјави Пике, а потоа во многу емотивен тон додаде:

“Не можете да замислите дека вашето име секојдневно се појавува на ниво на печатот и после три години продолжува од ден во ден. Не сакам да си доделувам медали, но некаде посебно би ми направиле статуа. Протекувањето на информации во оваа процедура е недостаток на почит. Сè ќе заврши што е можно побрзо, но никој нема да ми плати на крај за штетата на репутацијата”, додаде емотивниот Пике.

За поранешниот шпански дефанзивец, обвиненијата се неосновани, бидејќи провизиите не ги добил ни од Фудбалската федерација на Шпанија, ниту се платени на федерацијата, ниту имаат врска со тогашниот претседател Луис Рубиалес.

Фото: Принтскрин/YouTube

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бура на повидок: каква суспензија заслужува Мбапе, а каква ќе добие?! (Видео)

Килијан Мбапе доби црвен картон во победата на Реал Мадрид над Алавес и го чека суспензија…