Дома Останати Кошарка Објавена анкета на „ЕСПН“: Јокиќ далеку од наградата за МВП

Објавена анкета на „ЕСПН“: Јокиќ далеку од наградата за МВП

Гласањето кое го спроведе „ЕСПН“ и резултатите од самата анкета јасно покажуваат дека Шеј Гилџес Александер е далеку пред Никола Јокиќ во трката за наградата за МВП.

Во анкетата која е некој вид огледало на официјалното гласање на лигата, а која беше спроведена во периодот од 24 часа помеѓу сабота и недела, Шеј доби 77 од 100 први гласа, додека Никола Јокиќ ги доби преостанатите 23. Ако се суди по анкетата, многу лесно може да се случи канадскиот кошаркар да стане новиот МВП, бидејќи токму оваа анкета е еден од главните референци за избор на новиот МВП.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Јокиќ во досегашниот дел од сезоната има трипл-дабл просек со 29,7 поени заедно со 12,8 скокови и 10,2 асистенции. Од друга страна, Шеј Гилџес има 32,8 поени по натпревар, пет скокови и 6,3 асистенции по натпревар. Послаб просек од Јокиќ без дилема, сепак, канадскиот играч веќе сега сите го гледаат како новиот МВП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јанис: Ќе играм на Евробаскетот ако сум потполно здрав

Играчот на Милвоки Бакс Јанис Антетокунмпо ја потврди својата намера да ја претставува Грц…