Подолго време во спортската јавност кружеа гласини дека Перо Антиќ ќе се кандидира за претседател на Македонската кошаркарска федерација, а денес стигна и потврда и тоа лично од Антиќ.
Најавите ги потврди Антиќ кога денес гостуваше во емисијата „Улица Македонија“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Официјално сега за прв пат јавно кажувам дека ќе се пријавам да бидам кандидат за претседател“, гласеше краткиот и јасен одговор на Антиќ со кој ја потврди својата кандидатура.
Антиќ во трката за претседател ќе биде можеби и фаворит затоа што зад него стојат голем дел од соиграчите, како и тренерот од историското четврто место на Европското првенство во Литванија (Гечевски, Докузовски, Чековски...).
Мандатот на актуелниот претседател на МКФ, Петар Наумовски истекува следниот месец и ќе мора да биде свикано собрание. Освен Антиќ во игра за оваа функција е и човекот кој сега е спортски директор, Владмири Темелковски.
Во оваа прилика може и да потсетиме дека Антиќ официјално збогување од кошарката ќе го има наредното лето во натпревар во кој во Скопје гостуваат многу големи имиња на светската и европската кошарка.