Дома Фудбал Останато Oфицијално: Мурињо има нова работа! (ВИДЕО)

Oфицијално: Мурињо има нова работа! (ВИДЕО)

Многумина едвај чекаат да го видат Португалецот во новата улога.

Епизодата на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед заврши на неславен начин откако Португалецот кон крајот на годината заработи отказ.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Набрзо потоа Мурињо кратко беше стручен консултант на неколку натпревари од Премиер лигата за телевизија на Островот, меѓутоа сега пронајде нов работа.

Се шпекулираше за негово враќање во тренерските води меѓутоа изгледа тоа барем одредено време нема да се случи – Мурињо има сопствена емисија!

Денес беше објавено дека Мурињо ќе има сопствена емисија на телевизијата „Русија Денес“ во која ќе зборува случувањата во фудбалот ширум светот.

Повеќе детали за емисијата која ќе се нарекува “On the touchline with Jose Mourinho” не се објавени. Меѓутоа знаејќи го Португалецот колку е страствен кога зборува за најважната споредна работа во светот нема сомневање дека ќе уживаме во неговите анализи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ау, каква бомба од Мадрид: “Еден од нив е вишок во Реал Мадрид”

Нездоволството од одлуката на Чаби Алонсо да го повлече од игра на Ел Класико Винисиус Жун…