Дома Македонски спорт Мак ракомет Oфицијално: Голманскиот гуру си замина од Вардар!

Oфицијално: Голманскиот гуру си замина од Вардар!

Tимот на Вардар попладнево потврди дека се разделува со долгогодишниот тренер на голманите Дејан Периќ.

Вардар преку соопштение објавено на официјалната страна потврди дека Периќ заминува. Оние кои го следат Вардар знаат колкаво значење имаше Периќ за тимот. Неговото заминување сигурно дека ќе биде тешко да се надополни.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


“Тренерот на голманите Дејан Периќ и Вардар 1961 спогодбено го раскинаа договорот. Периќ доби понуда со одлични финансиски услови во Бундеслигата и сакаше да замине, а нашиот клуб не правеше проблеми да го реализира овој трансфер..Периќ беше дел од втората шампионска титула на Вардар 1961 и последните титули во СЕХА Газпром лигата. Пријателите секогаш остануваат во нашите срца.. Ти благодариме што беше дел од нашето семејство..“, стои во соопштението на Вардар.

Кариерата Периќ ќе ја продолжи во тимот на Фуксе Берлин каде што повторно ќе соработува со поранешниот голман на Вардар, Дејан Милосављев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…