Францускиот фудбалер Бенџамин Менди по две години пауза се врати на фудбалот.
Менди е нов играч на Лориент со кој потпиша договор на две години. Откако преживеа вистинска драма низ англиските судови каде што мораше да се појавува поради обвинувањата за силувања сега ја продолжува кариерата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На крајот сите обвинувања кон него беа отфрлени, неговиот тогашен клуб Манчестер Сити го суспендираше.
Сега Менди се враќа во неговата татковина и со Лориент потпиша договор на две години.
Кариерата Менди ја започна во Ле Хавре, а играше уште за Марсеј и Монако за во 2017. година да стане член на Манчестер Сити со имаше договор до јуни оваа година. За репрезентацијата на Франција одигра 10 натпревари во периодот од 2017. до 2019. година.