Алексис Санчез по 13 години повторно ќе го носи дресот на Удинезе.
Калчолигашот преку социјалните мрежи го потврди трансферот на Чиленаецот кој токму во Удине за првпат блесна на европската сцена.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Санчез во Удинезе се враќа како слободен играч по истекот на договорот со Интер. Удинезе Санчез го напушти во 2011 година кога за сума од 25 милиони евра се пресели во Барселона.
Подоцна настапуваше уште за Арсенал, Манчестер Јунајтед и Марсеј.
Коментари