Дома Фудбал Лига на шампиони Oткриено зошто УЕФА се откажа од намерата да ги исфрли од ЛШ Јувентус, Барса и Реал

Oткриено зошто УЕФА се откажа од намерата да ги исфрли од ЛШ Јувентус, Барса и Реал

Иако се најавуваше на крајот сепак УЕФА се откажа од намерата да ги суспендира Барселона, Реал Мадрид и Јувентус во Лигата на шампионите.

Трите европски гиганти останаа на ставот да формираат Суперлига. Во тој проект беа вклучени 12 клубови, но останатите отстапија. УЕФА најави најостри санкции за основачите, сетоа тоа стигна и до дисциплинската комисија, но на крајот се застана.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сега се открива и зошто УЕФА се откажала од намерата. Имено, објавено е дека УЕФА нема право да ги казни клубовите и дека тие си имаат право да формираат сопствено натпреварување, а во случај да бидат суспендирани тогаш Европската куќа на фудбалот би требало да им исплати огромни оштети.

Судијата Мануел Руиз де Лара посочи дека суспензија на Реал, Барса и Јувентус ќе значи исплата на 20% од вкупната заработка на овие клубови, меѓутоа на месечно ниво. Што значи дека ако трите великани во просек заработувале по 50-на милиони за учество, една петина е 10 милиони месечно или 120 милиони годишно. Пресметано за три клуба, тоа би било скоро 360 милиони евра.

Веројатно и поради Перез, Лапорта и Ањели неколку пати јавно тврдеа дека не се плашат од можна суспензија од УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ВИДЕО Мартинез доби втор жолт во пенал серијата, но не беше исклучен. Еве зошто

Астон Вила се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига победувајќи го Лил на пена…