Дома Фудбал Останато Oсум месеци „криела“ снимка од нејзиниот син и Меси, но повеќе не можела да издржи! (видео)

Oсум месеци „криела“ снимка од нејзиниот син и Меси, но повеќе не можела да издржи! (видео)

Во прашање е репрезентативецот на Мексико, Алекс Гвардадо.

Цели осум месеци сопругата на Алекс Гвардадо криеше видео снимка на која се наоѓаат нејзиниот сопруг и син во друштво на Лионел Меси!

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Снимката која на големо се шири на друштвените мрежи и светските портали настанала во јануари 2018 година после натпреварот помеѓу Барселона и Бетис.

Имено, Гвардадо после поразот на својот тим од резултат 5:0, отишол со својот син Максим пред соблекувалната на Барселона и го повикал Меси за да се фотографира со неговиот син.

Гвардадо за аргентинските медиуми објасни што се случувало таа ноќ.

„Кога Максим дозна дека ќе играм против Барселона, ме замоли да му овозможам да се слика со Меси. Го прашав Меси, а тој се согласи без никаков проблем“, откри Гвардадо.

Потоа се огласи и сопругата на Гвардадо која изјави дека не можела веќе да ја „крие“ снимката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Модриќ го убеди еден од најдобрите да дојде во Милан: „Стар пријателе, те чекам!“

Веќе во првите месеци во дресот на Росонерите стана јасно дека Милан не доби само уште еде…