Tренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти денес одржа прес-конференција пред натпреварот против Мајорка во Ла Лига и зборуваше за актуелните прашања во клубот.
Неодамна Реал потврди дека ја продолжи соработката со Анчелоти до 2026 година, иако претходно се најавуваше дека ќе седне на клупата на Бразил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Цел свет знае дека преговарав со Бразил за преземање на нивната репрезентација. Горд сум што сакаа да ме доведат, но факт е дека ги држев „на чекање“ додека разговарав со Реал околу продолжување на соработката. Има благодарам на Бразилците, кога дојде конкретната понуда од Реал веднаш ја прифатив и среќен сум што ќе останам“, искрено зборуваше Анчелоти.
Засилување на стоперската позиција во Реал нема да има.
„Не. Ги имаме Начо и Рудигер. Чуамени и Карвахал исто така можат да ја покријат позицијата централен дефанзивец. Ќе повторам поради честите шпекулации, нема да купиме ниту еден дефанзивец во јануари“.
Што ќе биде со Лука Модриќ?
„Модриќ, како и Крос и Начо на кои договорите исто така им завршуваат за шест месеци сами одлучуваат што ќе направат. Иднината на Лука е во негови раце“, истакна Анчелоти.
Италијанскиот стратег не сакаше да одговори на прашањето дали Реал Мадрид преговара околу доведувањето на Мбапе.