Дома Фудбал Италија Oсвои Скудето со Наполи, па сега не може да си плати во ресторан: Понекогаш ми е непријатно…

Oсвои Скудето со Наполи, па сега не може да си плати во ресторан: Понекогаш ми е непријатно…

Кореецот Кин Мин Јае ја имаше една од најдобрите сезони во својата кариера откако со Наполи стигна до Скудетото, а и самиот признава дека овие денови живее во вистинска еуфорија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Секако е пресреќен што му помогна на Наполи да стигне до титулата по 33 години, а во изјава за италијанските медиуми ја опиша ситуацијата во градот.

„Пресреќни сме што го освоивме Скудетото, се сомневам дека во иднина ќе доживеам вакви сцени, не знам дали ќе имам повторно можност. Се што се случува е навистина лудо. Многу прослави, пеење, танцување, скокање…Нешто што не сум доживеал претходно“.

Признава и дека малку му е непријатно затоа што не му дозволуваат да плати во ресторан.

„Понекогаш кога излегувам во град ми е малку непријатно затоа што тоа што сум го нарачал сама да го платам, но сопствениците не ми дозволуваат. Дури и кога ќе одлучат да ми наплатат тоа е по половина ценам, не знам што би кажал освен да им се заблагодарам“, изјави Мин-Јае.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо по 13 години се враќа во Реал Мадрид

Големи промени се најавуваат во Реал Мадрид во пресрет на летниот преоден рок, а една од п…