Дома Трансфер зона Oзил: Во Турција може да играм само за Фенербахче, опција е и САД

Oзил: Во Турција може да играм само за Фенербахче, опција е и САД

Месут Озил не добива шанса во екипата на Арсенал веќе долго време, иако заработува неверојатни 350.000 фунти неделно, па сега се поврзува со трансфер во друг клуб.

Озил се поврзуваше со преселба во Турција, иако не се исклучува можноста да засили и некој гигант од МЛС-лигата, а сега и самиот откри каде сака да игра во иднина.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Постојат две држави каде што би сакал да ја завршам кариерата. Една од нив е Турција, додека втората е САД. Ако се преселам во Турција, тогаш тоа ќе биде во Фенербахче, затоа што сум нивни навивач. Тоа е како Реал Мадрид во Шпанија“, вели Озил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…