Дома Фудбал Италија Oд миленик до непријател преку ноќ: Фиренца повеќе не е твој дом ?

Oд миленик до непријател преку ноќ: Фиренца повеќе не е твој дом ?

Вчера, во последниот ден од преодниот рок Јувентус го комплетираше трансферот на Федерико Киеза од редовите на Фиорентина.

Познато е дека односите на Фиорентина и Јувентус, барем кога во прашање се навивачите не се добри. Ривалството помеѓу фанвоите на овие два клуба важи за едно од поголемите во Италија.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Киеза долго време беше еден од најдобрите играчи на Фиорентина и миленик на навивачите, а тоа веднаш се промени откако реши да потпише за Јувентус.

Денес тие испратија јасна порака до нивниот сега веќе поранешен миленик.

„Предавството на оние кои вас ве израснаа и ве штитеа е најголемо непочитување. Фиренца повеќе не е твој дом“, стоеше во пораката за Киеза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…