Дома Фудбал Oдреден судијата за „Ел Класико“: Неколку факти ги налутија навивачите на Реал

Oдреден судијата за „Ел Класико“: Неколку факти ги налутија навивачите на Реал

Во недела на распоредот во Примера се игра првото „Ел Класико“ оваа сезона, а загревањето веќе започна.

Шпанскиот сојуз за главен судија на овој натпревар го одреди Хозе Санчез Мартинез што нема да им се допадне на фановите на Реал Мадрид, тие овој човек не го паметат по добро.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Мартинез го судеше последниот натпревар помеѓу овие два тима на „Сантијаго Бернабеу“ кога Барселона како гостин славеше со резултат 0:3. Покрај тоа Мартинез во тој натпревар го исклучи Дани Карвахал и досуди пенал за Каталонците.

Меѓутоа, овој човек и претходно знаеше да исклучува фудбалери на Реал. Го направи тоа и во 2016 година кога го исклучи Матео Ковачиќ против Валенсија, во Реал забележија и дека никогаш во кариерата не и доделил црвен картон на Барселона.

Иначе, Мартинез еднаш беше и среќен за Реал во „Ел Класико“ бидејќи го судеше минатогодишниот Суперкуп на Шпанија кога Реал славеше со 2:0 со погодоците на Асенсио и Бензема.

Натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид се игра во недела со почеток во 16:15 часот на „Ноу Камп“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каков ден на „Олд Трафорд“: Аморим отпушти девет играчи од Манчестер Јунајтед

Голем ден се случи денеска на Олд Трафорд бидејќи Манчестер Јунајтед објави дека девет игр…