Големата награда на Кина е големо случување во историјата на Формула 1 со оглед дека тоа ќе биде 1000-та трка.
Првата трка во Формула 1 беше одржана во 1950 година во Велика Британија и од тогаш низ ова натпреварување поминаа голем број тимови, а гледачите уживаа во големи трки.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Изминатите 999 трки ги освоија 105 различни возачи од 23 различни земји. Само 33 освоиле 10 или повеќе победи.
На врвот е големиот Михаел Шумахер со 91 победа, а ниту Хамилтон не е далеку со 74 победи. Следи Себастијан Фетел со 52 победи, Алан Прост со 51, Аритон Сена со 41, Фернандо Алонсо со 32.
Возачите доаѓале од вкупно 39 земји, а најмногу има Велика Британија која е далеку пред сите со 163, следи САД со 158, Италија со 99, Франција со 71, Германија 57…
34 држави биле домаќини на ова натпреварување, а последната трка која е додадена во календарот е Големата награда на Азербејџан која прв пат се одржуваше во 2016 година.