Дома Фудбал Останато Oфицијално: Тиери Анри повеќе не е тренер на Монтреал

Oфицијално: Тиери Анри повеќе не е тренер на Монтреал

Tиери Анри од денес повеќе не е тренер на екипата која се натпреварува во МЛС лигата, Монтрееал.

Причината не се резултатите, туку неговата желба да биде со децата. Пандемијата му е најголем проблем поради честите патувања.

„Со тешко срце ја донесов оваа одлука. Минатата година беше тешка за мене. Поради пандемијата не можев да се гледам со своите деца. За жал поради новите рестрикции и фактот што ќе мораме да се лоцираме во САД и сега ќе биде исто. Тоа би било премногу и за мене и за децата“, изјави Анри.

Тој ќе се врати на неговиот живот во Лондон.

„Морам да го напуштам Монтреал. Сакам да им се заблагодарам на навивачите, играчите и луѓето во клубот“, изјави Анри.

Пред неколку дена во медиумите се појави шпекулација дека Анри може да седне на клупата на Бурнемоут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тихомир Костадинов асистент во важната победа на Ружомберок 🎥

Репрезентативецот на Македонија Тихомир Костадионов денес беше асистент во победата на Руж…