Тоа што се најавуваше сега е и потврдено, одличниоит Жереми Тото ќе се пресели во редовите на француски Нант со кој ќе потпише договор до 2025 година.
Тото ќе си замине од „Јане Сандански“ на крајот од актуелната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Среќен сум што ќе играм за Нант, тоа е клуб кој одлично се вклопува со моите вредности и темперамент. Станува збор за амбициозен клуб кој веќе и се прослави на меѓународната сцена. Освен тоа Нант е клубот со најдобрата публика во Франција. Фантастично е да се игра таму, затоа и избрав да потпишам за Нант“, изјави Тото.
Во Нант Тото ќе биде замена за Србинот Драган Пешамблек кој веќе ја потврди преселбата во Веспрем.