Дома Топ вести Oткриени нови детали: Новиот договор на Мбапе вредел 630 милиони евра!

Oткриени нови детали: Новиот договор на Мбапе вредел 630 милиони евра!

Килијан Мбапе го одби Реал Мадрид за да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен ј, а сега е откриена неверојатната сума што францускиот шампион се согласил да ја плати за да го задржи напаѓачот.

Се беше подготвено кралскиот клуб да го официјализира Мбапе како свој нов „галактикос“ и овој трансфер на големо се најавуваше, но во последен момент дојде до пресврт и францускиот фудбалер потпиша нов тригодишен договор со „светците“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во целата приказна се приклучи дури и францускиот претседател Емануел Макрон кој лично го убедуваше Мбапе да остане во ПСЖ, а наводно францускиот напаѓач бил платен 100 милиони евра само за потпис, додека за три години би заработил 50 милиони евра.

Пет месеци подоцна, францускиот весник „Le Parisien“ откри нови детали од овој договор.

Имено, за да го убеди Мбапе да го продолжи договорот, ПСЖ на својата ѕвезда и понудил тригодишен договор во вкупна вредност од 630 милиони евра. Ако овие информации се точни тоа е најголемиот договор што некогаш го потпишал некој спортист.

Понатаму се наведува дека годишната плата на францускиот играч е 72 милиони евра, а не 50 милиони како што беше првично наведено, додека бонусот за потпишување на договорот бил 180 милиони, што е за околу 80 милиони повеќе од она што првично објавија медиумите.

Така сега неговиот соиграч Лионел Меси падна на втората позиција со договорот од Барселона во 2017 година кој беше вреден 555 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Перез: Родри ја заслужи „Златната топка“, но не оваа година

Иако Реал Мадрид беше убеден дека Винисиус ќе ја добие „Златната топка“, таа заврши во рац…