Дома Фудбал Останато Oтворено писмо од Зидан: Заминувам затоа што немав поддршка

Oтворено писмо од Зидан: Заминувам затоа што немав поддршка

Зинедин Зидан испрати отворено писмо во кое ги објасни причините за заминувањето од Реал Мадрид.

Францускиот стратег имаше договор до 2022 година, но одлучи во договор со Перез да го напушти клубот. Зидан така по втор пат во кариерата го напушти Реал Мадрид, а одлуката ја донел кога неговиот тим не успеал да ја одбрани шампионската титула во Ла Лига.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во текот на неговиот прв мандат Зидан го водеше Реал на 149 натпревари и имаше учинок од 105 победи, 28 нерешени и 16 порази. Во вториот мандат клубот го водеше на 114 натпревари и запиша 68 победи, 26 нерешени и 20 порази.

„Тоа што во Мадрид поминав 20 години и ми се случија толку многу убави работи најмногу сум благодарен на Флорентино Перез. Тој се обложи на мене во 2001 година и се бореше да дојдам во клубот, иако одредени луѓе беа против тоа. Од срце кажувам дека секогаш ќе му бидам благодарен. Секогаш“.

„Си заминувам, но не скокнувам од бродот и не сум уморен од тренинг. Во 2018 година го напуштив клубот затоа што во две ипол години имавме толку победи и трофеи, па чувствував дека на клубот му е потребно нешто ново за да остане на врвот. Денес работите се поинакви. Заминувам затоа што клубот не ми ја даде потребната доверба, не ми даде поддршка да градам нешто на подолг рок. Ги познавам апетите на Реал, тука секогаш се бара да победуваш. Но заборавена е една важна работа, се што градев од ден во ден е заборавено. Се што правев поврзано за односот помеѓу играчите и 150 луѓе околу тимот. Јас сум роден победник и овде секогаш бев да освојувам трофеи, но пред се ние сме луѓе, имаме емоции и свој живот. Имам чувство дека тие работи не беа ценети“, стои во писмото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…