Дома Топ вести Oстровските медиуми со бомбастична вест: Реал Мадрид го контактирал агентот на најдобриот асистент!?

Oстровските медиуми со бомбастична вест: Реал Мадрид го контактирал агентот на најдобриот асистент!?

Еден од најреномираните англиски весници пренесува изненадувачка вест.

Најдобриот асистент во најдобрите пет лиги кој постигнува и прекрасни голови, Кевин Де Брујн е на мета на Реал Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Англиските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид веќе стапил во конткат со неговиот агент, Патрик Де Костер, а со тоа и официјално го покажал интересот за Белгиецот.

Де Брујн во Манчестер Сити пристигна од Волфсбург за сума од 75 милиони евра, што во тие моменти беше клупски и британски рекорд. Неговиот договор со англискиот лидер има важност до 2021 година.

Сепак, во Реал се убедени дека играњето за најголемиот клуб во светот, кој е актуелен освојувач на Примера и Европа, е доволна причина Де Брујн да се одлучи за „кралевите“.

Да потсетиме, Де Брујн од пристигнувањето во Манчестер Сити забележа 35 асистенции со што е најдобар во овој параметар во најдобрите пет лиги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…