Дома Фудбал Oдржан итниот состанок во Барселона, Бартомеу донел одлука

Oдржан итниот состанок во Барселона, Бартомеу донел одлука

Шпанските медиуми не престануваат да пишуваат за кризата во Барселона.

Ерик Абидал во интервју за каталонскиот „Спорт“ ги повика играчите да превземат одговорност за отказот на Валверде. Тоа му пречеше на Лионел Меси кој му одговори јавно преку Инстаграм. Меси победа од Абидал да каже на кои играчи точно мисли кога веќе ги споменува.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Целата ситуација ја следат шпнаските медиуми кои вчера чекаа да заврши состанокот помеѓу Абидал и претседателот Хозе-Марија Бартомеу.

Состанокот се одржал во тренинг-кампот на Барселона и траел неколку часа. Иако се најавуваше дека Абидал може да добие отказ, тоа не се случило. „Марка“ објавви дека Бартомеу во средата наутро разговарал со двајцата со цел да ја смири тензијата во клубот, но повторно се сретнал со Абидал вечерта тогаш зборувале за неговиот статус.

Според информациите Бартомеу му дал поддршка на Абидал, а зборувале и за напаѓачот кој во вонреден трансфер поради повредата на Дембеле ќе пристигне на „Камп Ноу“. Најверојатно тоа ќе биде Анхел Родригез од Гетафе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …