Дома Фудбал Италија Oва се специјалните правила за продолжување на сезоната во Серија А

Oва се специјалните правила за продолжување на сезоната во Серија А

Италијанската Серија А има намера да го продолжи натпреварувањето кон крајот на мај или почетокот на јуни.

Раководството на Фудбалскиот сојуз на чело со Габриеле Гравина прави се за да се врати на терен, а клубовите би можеле да започнат со тренинзи веќе на 4. мај кога ќе се заврши карантинот на Апенините.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Меѓутоа за продолжување на сезоната ќе се воведат и спенцијални правила. Секако се сведува на заштита на фудбалерите.

ТЕСТИРАЊЕ НА ИГРАЧИТЕ И СИТЕ ВО КЛУБОТ

Играчите и сите кои би биле на стадионот ќе бидат тестирани на коронавирус пред секој натпревар. Исто така играчите пред самиот почеток на тренинг-кампот ќе ги направат сите можни прегледи.

ИГРАЧИТЕ ЌЕ БИДАТ ВО КАРАНТИН И ПОД КОНСТАТНИ ТЕСТОВИ

Фудбалерите остатотокот од сезоната ќе го поминат во карантин. Клубовите кои имаат свои простории покрај тренинг центрите ќе ги затворат играчите таму, а карантинот ќе биде детално исчистен.

Оние клубови кои немаат свои простории ќе мораат да изнајмат хотели. Исто така на играчите констатно ќе им се мери температура. На фудбалерите кои биле позитивни на коронавирус ќе им бидат направени тестови на плуќата, белите дробови и бубрезите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Де Јонг: За мене се пишуваат многу лаги…

Френки де Јонг е една од најголемите мистерии во Барселона во овој момент. Во текот на мин…