Дома Фудбал Италија Oва ретко се случува: Раиола доби отказ!

Oва ретко се случува: Раиола доби отказ!

Играчот на Јувентус и италијанската репрезентација, Федерико Бернардески го промени својот агент.

Се случи нешто што е реткост во фудбалскиот свет – Мино Раиола добил отказ! Оваа информација ја потврди новиот агент на италијанскиот репрезентативец Федерико Пасторела.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Горд сум што можам да објавам дека Федерико Бернардески потпиша договор со „P&P Sport Management“! Тоа требаше да се случи нешто порано, но за нешто добро понекогаш потребно е трпение“, објави Пасторела.

Бернардески кариерата ја започна во Фиорентина, а во 2017 година стигна во редовите на „старата дама“. Како играч на Фиорентина во сезоната 2013/2014 беше позајмен во Кротоне. Неговиот договор со Јувентус истекува на крајот на актуелната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Инзаги: Очекував поголем пресинг од Баерн

Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, изјави дека неговиот тим покажал одлучнос…