Дома Фудбал Останато Нурмагомедов жестоко удри по еден од најдобрите боксери: Одвратен е!

Нурмагомедов жестоко удри по еден од најдобрите боксери: Одвратен е!

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија и еден од највлијателните борци во историјата на MMA, Хабиб Нурмагомедов, го критикуваше Флојд Мејведер, нарекувајќи го “борец на пари” и безвреден во споредба со легендарниот Мухамед Али.

Минатиот викенд, на муслимански настан во Њујорк организиран од Институтот Мифтаах, Хабиб зборуваше за вредностите во спортот, разликите меѓу борците кои се борат за пари и оние кои се борат за инспирација, при што не штедеше критики за Мејведер.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


“Гледав интервју на човекот познат како ‘Money’. Платиле за неговиот лет до Ерусалим, а тој вели дека ја поддржува таа држава. Тој се бореше за пари. Јас се борев за наследство. Ако можеш да инспирираш луѓе – тоа е право наследство,” изјави Хабиб, мислејќи на поддршката на Мејведер кон Израел во немилосрдното убивање на цивили во Газа.

Хабиб истакна дека никогаш не би направил нешто слично, бидејќи за него борбата не беше прашање на богатство, туку на однесување и пораката што ја оставаш на луѓето.

“Знам дека му платиле. Леташе во бизнис класа, рече ‘Еј, ја поддржувам вашата држава’. Тоа е борец за пари. Има спортисти кои се одлични во рингот, но како луѓе – се безвредни. Внатрешно празни. Никој не сака ни да разговара со нив,” додаде Хабиб, кој е веќе познат по тоа што остро ги критикува спортистите кои, според него, немаат духовна и човечка вредност.

Во својот говор, Хабиб го пофали Мухамед Али, велејќи дека тој е ‘најголемиот спортист кој чекорел на Земјата во последните сто години’.

“Али инспирираше милијарди луѓе, не само муслимани. Тој беше човек кој застана за вистината. Затоа го паметиме. А овој друг? Кога ќе умре, никој нема да го спомне. Ќе биде заборавен. Тоа е разликата меѓу борци за наследство и борци за пари,” заклучи Дагестанецот.

Хабиб се повлече од MMA во 2020 година, со беспрекорен резултат од 29-0, по смртта на неговиот татко и тренер Абдулманап. Тој го исполни ветувањето дадено на мајка си дека повеќе нема да влегува во октагон и оттогаш е посветен на семејниот живот, верата и работа со млади борци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Луис Хамилтон ќе ја напушти Формула 1 на крајот од сезоната?

“Во светот на Формула 1, вредиш колку што вреди твојата последна трка”, е позн…