Дома Фудбал Њукасл експресно реагираше: Како замена за Исак договори напаѓач од 55 милиони евра!

Њукасл експресно реагираше: Како замена за Исак договори напаѓач од 55 милиони евра!

Нјукасл јунајтед постигна договор со Брентфорд за трансфер на Жоан Виса во износ од 55.000.000 фунти.

Според договорот, половина од сумата ќе се исплати веднаш, а останатиот дел следната година. Извори блиски до клубот од Сент Џејмс Парк наведуваат дека основната цена е поблиску до 50.000.000, со дополнителни бонуси што ја зголемуваат вкупната вредност. Во договорот е вклучена и клаузула за 25 проценти од евентуалната следна продажба на играчот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Фудбалерот од Конго ќе ги помине медицинските прегледи во Њукасл пред затворањето на трансфер периодот во понеделник во 20 часот.

Овој потег следеше веднаш по потврдата дека Александар Исак се пресели во Ливерпул, со што Виса доаѓа како директна замена за шведскиот голгетер.

Виса веќе јавно го изрази своето незадоволство од ситуацијата во Брентфорд, обвинувајќи го клубот дека “ги променил договорените услови” и дека го “спречува” во неговата кариера. Брентфорд претходно одби понуди од 25.000.000 и 35.000.000 фунти, како и дополнителни 5.000.000 во бонуси, но овој пат попушти.

Репрезентативецот на ДР Конго не настапи во првите три кола на новата сезона, ниту на подготовките, но има зад себе најдобра сезона во Премиер лигата од неговото пристигнување од Лоријан во 2021 година, со постигнати 19 голови, со што се најде меѓу најефикасните напаѓачи во шампионатот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар ги заврши трансферите на двајцата фудбалери од Уганда

Екипата на Вардар денеска и официјално ги претстави најновите засилувања, напаѓачот Фахад …