Дома Фудбал Новото засилување на Манчестер сити веднаш му се закани на големиот ривал: Го чекам натпреварот да ги уништам!

Новото засилување на Манчестер сити веднаш му се закани на големиот ривал: Го чекам натпреварот да ги уништам!

Францускиот напаѓач Рајан Черки (21) пристигна во Манчестер со цел да се реваншира и изјави дека сака да го “уништи” Јунајтед.

Новото засилување на Сити, чиј трансфер се проценува на 35 милиони евра, некогаш беше дел од тимот на Олимпик Лион кој беше поразен на Олд Трафорд во четвртфиналето од Лига Европа.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Францускиот репрезентативец беше снимен како провоцира навивачи триејќи ги препоните откако постигна гол во продолженијата таа вечер.

Така што, кога оваа недела ќе се објави распоредот на Премиер лигата за наредната сезона, тој ќе бара само еден натпревар.

“Не ми се допадна кога Манчестер Јунајтед го победи Лион, бидејќи сум голем фанов на Лион. Сега чекам натпревар за да ги уништам. Сакав само да дојдам во Манчестер Сити,” изјави Черки.

Инаку, Черки често се поврзуваше со можен трансфер на Олд Трафорд во претходните години кога дебитираше за Лион на 16 години, но тоа не се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо: Ова со Винисиус не треба да се повтори

Чаби Алонсо се враќа емотивно на “Енфилд”, каде што изгради кариера како фудбалер на Ливер…