Дома Фудбал Ново засилување во Јувентус: „Старата дама“ претстави нов генерален директор

Ново засилување во Јувентус: „Старата дама“ претстави нов генерален директор

Јувентус има нов генерален директор. Тоа е Дамијан Комоли, објави торинскиот гигант.

Комоли ќе биде одговорен за надгледување на фудбалскиот дел од машкиот тим, како и маркетинг и комерцијалниот сектор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Педесет и двегодишниот Комоли во текот на својата досегашна кариера работел на многу различни позиции во разни клубови, вклучувајќи периоди како скаут во Арсенал, како и директорски улоги во клубови како Ливерпул, Тотенхем, Сент-Етјен и Фенербахче.

Неодамна беше претседател на Тулуз, но на крајот од мај поднесе оставка за да ја преземе новата позиција во Јувентус.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно: Леао издаде песна во чест на Кристијано Роналдо (Видео)

Рафаел Леао и Кристијано Роналдо имаат специфичен однос, дали оваа песна ќе го промени тоа…