
Поранешниот судија од Премиер лигата, Дејвид Кут, повторно се соочува со сериозни проблеми.
Се испостави дека против него е покренато обвинение за снимање видео со непристојна содржина, во кое учествува дете. Утре (четврток), 43-годишниот маж ќе се појави на суд во Нотингем за првото сослушување.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Спорното видео е направено на 2 јануари 2020 година и според британското законодавство спаѓа во Категорија “А”, што е највисоко ниво и обично важи за случаи на силувања на деца или други видови на сексуални напади од возрасни. Властите додаваат дека обвинението за изработка на непристојна слика е поврзано со дејствија како што се преземање, споделување и складирање на датотеки.
Дејвид Кут е оној судија кој беше отпуштен откако прво се појави видео, направено во јули 2020 година, на кое тој го навредува Ливерпул како клуб и поранешниот менаџер на тимот, Јирген Клоп. Подоцна беше “протечено” и друго видео, на кое Кут вшмркува бел прав преку навиткана банкнота. Ова се случува во хотелска соба за време на Европското првенство во Германија, на кое тој е еден од судиите. Спорното видео со вшмркувањето е снимено на 6 јули, ден по четвртфиналето на Евро 2024 меѓу Португалија и Франција – натпревар на кој Кут беше еден од ВАР судиите.
Покрај тоа, судијата, кој меѓутоа призна дека е геј, беше истражуван од страна на ФА во врска со неговата инволвираност во можни непријавени обложувања на натпревари. Повод за овие нови проблеми на судијата станаа пораки кои тој ги испратил пред и по натпреварот Лидс против Вест Бромич Албион во 2019 година. Тие предизвикале сомнежи кај контролните органи дека некои од неговите одлуки на теренот, како покажување на жолт картон, можеби се поврзани со помош на трети лица кои вршеле обложувања.