Дома Останати Ракомет Ново големо засилување во Охрид: Пристигна поранешен хрватски репрезентативец!

Ново големо засилување во Охрид: Пристигна поранешен хрватски репрезентативец!

Поранешниот хрватски репрезентативец и искусен голман Кристијан Пилиповиќ е новото звучно име во составот на ГРК Охрид. Тој стави потпис на договор со охридскиот клуб најмалку до крајот на тековната сезона.

Триесетгодишниот Пилиповиќ доаѓа од швајцарскиот шампион Кадетен Шафхаузен, каде помина осум успешни сезони и стекна големо меѓународно искуство. Претходно настапуваше и за Висла Плок во Полска, Нексе во Хрватска и австрискиот Фиверс. Иако има одиграно натпревари за сениорската репрезентација на Австрија, со која настапи на ЕП 2018 и СП 2019, од 2022 година повторно е дел од националниот состав на својата матична земја – Хрватска.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Барав проект што ќе ме инспирира и ќе ме поттикне повторно да го почувствувам спортскиот жар. Во Охрид најдов токму тоа – клуб со јасна визија и луѓе кои живеат за ракометот. Градот е прекрасен, а атмосферата околу клубот навистина ме воодушеви. Разговорите со спортскиот директор и тренерот беа пресудни – веднаш почувствував дека ова е вистинската средина за мене. Верувам дека заедно ќе направиме големи работи“, изјави Пилиповиќ по потпишувањето на договорот.

Со ова засилување, охриѓани добиваат голман со докажан квалитет и искуство од највисоко ниво, што ќе биде огромен плус за одбраната на тимот. Во продолжението на сезоната, „рибарите“ имаат амбиција да се вмешаат во борбата со традиционалната „света тројка“ на македонскиот ракомет и да ја направат лигата уште поинтересна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ракометната Лига на шампиони се проширува: Тоа може да биде добра вест за Македонија!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека од следната сезона, Шампионската лига ќе…