
Рајан (19) без сомнение е едно од најголемите откритија на бразилскиот фудбал во 2025 година. Овој деветнаесетгодишен напаѓач на Васко да Гама посебно се истакна во завршницата на сезоната, каде што скоро сам му обезбеди на својот тим титулата во Купот против Коринтијанс.
Неговите извонредни игри привлекоа внимание од европските гиганти како Баерн, додека рускиот Зенит веќе испрати конкретна понуда од 31 милион евра. Сепак, во Васко не размислуваат за продажба под 50 милиони евра.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Раководството на клубот од Рио де Жанеиро е решено да не ја изгуби младата ѕвезда по ниедна цена. За да се осигурат од предвремeно заминување, пред само неколку дена го продолжија договорот на Рајан до 2028 година, зголемувајќи ја откупната клаузула на неверојатни 80 милиони евра.
Со овој чекор, засега успеаја да ги одбијат сите заинтересирани страни. Во Васко се надеваат на рекордна продажба која би обезбедила финансиска стабилност и би ги подигнала амбициите на клубот во 2026 година. Досега, најскапиот излезен трансфер на клубот беше оној на Паулињо во Баер Леверкузен за 18,5 милиони евра, додека Андре Сантос беше продаден на Челси за 12,5 милиони. Продажбата на Рајан би ги надминала овие суми повеќекратно.
Годината за Рајан започна одлично, со освојување на Првенството на Јужна Америка за играчи до 20 години со бразилската репрезентација, каде што постигна два гола. Меѓутоа, како што минуваа месеците, напредуваше во сите аспекти на играта – од физичка подготовка и брзина до самодоверба и реализација. Денес, се зборува за него како за комплетен напаѓач, спремен за најголемите европски сцени.