Дома Фудбал Новиот тренер на Јувентус испрати јасна порака: Грбот на Наполи засекогаш останува на неговата кожа – нема отстранување!

Новиот тренер на Јувентус испрати јасна порака: Грбот на Наполи засекогаш останува на неговата кожа – нема отстранување!

Лучијано Спалети, новиот тренер на Јувентус, го изнесе својот став за тетоважата на Наполи и освоената титула.

Искусниот италијански тренер за време на официјалното претставување во Јувентус, упати јасна изјава за својот однос со Наполи, истакнувајќи дека неговите чувства кон клубот и градот остануваат непроменети.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Одлуката на шеeсет и шестгодишниот стратег да ја преземе тренерската позиција во Јувентус, предизвика бурни дебати во Италија. Тренерот кој го водеше Наполи до титулата во сезоната 2022/23, кој создаде силна поврзаност, го овековечи тој успех со тетоважа на грбот на тимот на левата рака.

Во првото интервју како тренер на “бјанконерите”, Спалети сакаше да стави крај на сите погрешни толкувања. Тој објасни дека неговата професионална одлука да се пресели во Торино не влијае на љубовта кон Наполи. Дополнително, со хумор откри дека за време на лекарските прегледи барал од докторите на Јувентус да не му земаат крв од раката на која е тетоважата, за да не ја “допрат”.

Наполи секогаш ќе биде во моето срце. Дури и утринава на лекарските прегледи побарав да не ми ја допираат раката со тетоважата. Не сакам некој да ја допира или менува нешто на левата рака! Реков дека нема да носам друг дрес таа сезона и се држев до тоа. Тие што го толкуваат погрешно, го прават тоа намерно. Ќе се вратам во Неапол и тоа место засекогаш ќе остане во моето срце, без оглед на професионалните избори кои ги направив! – Лучиано Спалети

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Фото) Еве во што се маскираа Халанд и неговата девојка за Ноќта на вештерките

Фудбалерот на Манчестер Сити и норвешката репрезентација, Ерлинг Халанд, многу сериозно ја…