Инвестицискиот фонд Qatar Sports Investments, сопственик на ПСЖ, изрази голем интерес за преземање на шпанскиот второлигаш Малага, пренесуваат тамошните медиуми.
Шпанскиот клуб моментално е во сопственост на групацијата за хотели и недвижности BlueBay и катарскиот бизнисмен Абдула Ал Тани, но клубот поради финансиски проблеми го води стечаен управник.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Како што пренесуваат медиумите, преговорите се во последната фаза, а целата трансакција би изнесувала околу 100 милиони евра.
Qatar Sports Investments е сопственик на околу 87 проценти од акциите на ПСЖ и 21,7 проценти од португалската Брага. Малцински акционери се и Monumental Sports & Entertainment (MSE), американска компанија која поседува Вашингтон Капиталс (NHL), Вашингтон Визардс (NBA), и Вашингтон Мистикс (WNBA).
Малага во 2003 играше во четвртфиналето на Лига Европа, а десет години подоцна и во четвртфиналето на Лигата на шампионите изгуби од Борусија Дортмунд. Во моментов се наоѓа на 15. место во „Сегунда“ со 42 бодови, седум повеќе од зоната на испаѓање.