
Европскиот фудбал доби ново име кое сè почесто е во центарот на вниманието – Карл Ета Јонг, 22-годишен напаѓач од Камерун, моментално еден од најинтересните млади играчи во Ла Лига. Неговиот стил на игра, енергија и дарба за голови веќе му го донесоа прекарот “новиот Ето’о”, по славниот сонародник Самуел Ето’о.
Јонг денес го носи дресот на Леванте, клуб кој минатата сезона се врати во Ла Лига и успеа да го задржи статусот во елитата. Во својата втора сезона во првата лига, младиот Камерунец стана едно од најпријатните изненадувања во шпанскиот шампионат. Брз, агилен и ладнокрвен пред голот, ги воодушеви и навивачите и стручњаците.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Во само една година помина пат од перспективен талент до стандарден прволигашки напаѓач. Неговиот напредок го следат и најголемите европски клубови – Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Арсенал од Англија, како и Барселона и Реал Мадрид од Шпанија. Сите веруваат дека Камерунецот може да биде следната голема ѕвезда на африканскиот фудбал.
.🚨 Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Арсенал се во трката за да го потпишат 22-годишниот напаѓач од Камерун и Леванте Карл Ета Јонг.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 31, 2025
Тој сака да ја реши својата иднина во јануари, но поверојатно е дека ќе направи трансфер по Светското првенство во 2026 година, освен ако некој клуб не се осмели… pic.twitter.com/N91eapSEHM
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!