Дома Фудбал Новинар со порака до Клоп: Ако не ти се допаѓа Светското клупско првенство, оди пливај

Новинар со порака до Клоп: Ако не ти се допаѓа Светското клупско првенство, оди пливај

Јирген Клоп остро го критикуваше Светското клупско првенство. Поранешниот тренер на Ливерпул и Борусија Дортмунд го нарече натпреварувањето што во моментов се одржува „најлошата идеја што некогаш била спроведена во фудбалот“.

Германецот објасни дека играчите во текот на следната сезона ќе имаат повреди „какви што никогаш претходно немале“ поради недостаток на одмор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На Клоп му одговори Кавех Солхекол, новинар на Скај Спортс. „Не се согласуваат сите со Јирген Клоп”, започна, па продолжи: „Ако не ти се допаѓа Светското клупско првенство, не го гледај. Секој човек може да прави што сака. Може да игра падел, да плива, да гледа нешто друго, Нетфликс, да се прошета, да си оди на убав оброк. Ако не ти се гледаат Челси и Бенфика, не ги гледај.”

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА на познат клуб му забрани трансфери на играчи до следната година

Бразилците сега најавуваат дека ќе се обидат што побрзо да постигнат договор со Американци…